Сергеј Лавров: Башар ал-Асад не успеа да ги исполни основните потреби на народот
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека падот на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад се должи на неговата неспособност да ги исполни основните потреби на народот и да постигне компромис со бунтовничките групи.
– Веќе можеме да констатираме дека една од причините за деградацијата на состојбата беше неспособноста на претходното раководство да ги задоволи основните потреби на населението во услови на долготраен граѓански конфликт, изјави Лавров.
Тој тврди дека и САД имале деструктивната улога во ситуацијата, додавајќи дека надежите на сирискиот народ за подобар живот по успешната борба против меѓународниот тероризам не се оствариле.
Сега руската страна „будно го следи развојот на ситуацијата во Сирија, но рано е да се извлечат далекусежни заклучоци за настаните што се случуваат таму“, изјави Лавров