Серхио Рамос пред гол бр.100 на клупско ниво

– Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос се соочува со уште едно достигнување во неговата славна кариера, пишува АС.

Централниот дефанзивец на „белите“ вечерва ќе го бара својот стоти клупски гол при гостувањето во Гранада. Дефанзивецот од главниот град има 96 голови во дресот на Реал Мадрид и три гола за Севиља.

Тој исто така има 21 погодок за шпанската репрезентација.

Првиот гол на Серхио беше на 16 септември 2004 година, кога реализираше за Севиља во натпревар против португалски Насионал де Мадеира. Тогаш се запиша со глава, како и во 53 други случаи.

Од 99-те клупски голови, 19 се од пенал.

Back to top button
Close