Серија перформанси и концерт на џез триото „Светлост“ на 9. Викенд на гордоста Скопје

– Серија перформанси овој викенд ќе се одржат во рамки на деветтиот по ред Викенд на гордоста Скопје, во Музејот на современа уметност.

Во МСУ, вечер е переформансот на Нао Бустаманте и Маркус Куиланд-Назарио – „Забавата за откривање на родот“.

В сабота, STEAM ROOM го претставуваат dragON aka PHOENIX, второто дело од проектот dragON, кореографска трилогија во коавторство на Александар Георгиев, Жана Пенчева и Дарио Барето Дамас (aka STEAM ROOM). На програмата во недела е англискиот колектив СПИЗ! Манифест / SPIT! Manifesto, перформанс на СПИЗ! (Карлос Мота, Џон Артур Пиц, Карлос Марија Ромеро).

По перформансот следува концерт на македонското светски реномирано џез трио СВЕТЛОСТ – музички колектив основан во 2014 година од Нинослав Спировски, Дени Омерагиќ и Кристијан Новковски. Музиката на овој состав се менува во зависност од луѓето вклучени во конкретен проект – најчесто е информирана од стилски правци како слободен џез, пост-рок, електро-акустична музика, минимализам и амбиентална музика. Во септември 2019 го издаваат албумот „Odron Ritual Orchestra“, албум кој беше сместен на повеќе светски листи за најдобар џез албум за 2019 година.

Фестивалот е во организација на Коалицијата МАРГИНИ и ЛГБТИ Центарот за поддршка, а се реализира во партнерство МСУ и ЈАДРО, со поддршка на Фондацијата Heinrich Böll Stiftung, Амбасадата на САД, Амбасадата на Кралството Холандија, Фондацијата отворено општество Македонија, Европската унија во рамки на меѓународниот проект ВРЕМЕТО Е СЕГА, Министерството за култура на РСМ, и Град Скопје. Медиумски покровител на фестивалот е ПОРТРЕТ Магазин.

Целата програма на фестивалот е замислена да одговори на протоколите пропишани за одржување на јавни настани заради состојбата со пандемијата.

Back to top button
Close