Серија земјотреси ноќеска во Тетовско

Три земјотреси со јачина од 2,2 до 2,7 степени по Рихтер вчера беа регистирирани во Македонија, а според податоците на ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот е помеѓу Тетово и Гостивар.

Земјотресите се со ниска магнитуда и ги почувствувале само граѓаните кои живеат во повисоките згради.

Граѓаните велат дека е вообичаено после невреме да се тресе тлото. Западниот дел како и многу делови ширум државата викендов беа погодени од невообичаено невреме, проследено со многу обилни дождови и град.

Сеизмолозите смируваат дека станува збор за редовна сеизмичка активност

Back to top button
Close