Сертификатор за координатор

Ви пренесуваме дел од колумната на Горан Михајловски за СДК:

Ако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкски вели дека кога седел со уште двајца пријатели во затворен дел од кафеана не му биле познати протоколите за заштита од коронавирусот, тоа значи дека и тој и партијата целата стратегија за одлагање на датумот за избори ја гради врз основа на неинформираност.

Настрана што, не ми е јасно зошто баш мислењето на Мицкоски „за датумот“ е најрелевантно во однос на другите што седат на лидерските средби кај Пендаровски, па само него секој ден по сто пати го слушаме како здравјето му е пред сѐ. Другите лидери, што не се толку гласни, барем оделе на избори. И сега ќе одат. Мицкоски, за разлика од нив до сега нема добиено ниту еден глас, ниту пак има намера да добива, освен што го има гласот на Груевски. За советник, за директор на ЕЛЕМ и сега за лидер на партија. Останатите што седат на масата со него ги избирале граѓани.

Нејсе. За тоа нека му ја мислат вмровците што и на овие избори немаат можност да го гласаат за пратеник.

Сепак, мислам дека неговото седење во кафеана во скопско Дебар Маало не било случајно. Тоа било показна вежба во рамките на кампањата „Здравјето во теретана и во кафана – пред сѐ“. За да може Мицкоски лично да провери колку е безбедно да се излезе на избори.

Таму седел во затворен простор два и пол часа. Бил со двајца пријатели на кои не им била правена епидемиолошка анкета. Плус имало и келнери. Па некој му готвел, некој му дробел салата, му ги миел чашите, му турал пијачка…

Значи, ако било безбедно два и пол часа во затворена кафеана, тогаш зошто не би било безбедно 5-10 минути на избирачко место?

Целата колумна на СДК на следниот линк.

Back to top button
Close