Сервер: САД ќе ја притиснат Софија за откочување на евроинтеграцијата на С Македонија 

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден се очекува да изврши зголемен притисок врз Бугарија за откочување на евроинтегративниот процес на Северна Македонија, а извршната наредба на Бајден е со цел да врши притисок за подобрување на владеењето на Западен Балкан, вели Даниел Сервер, експерт за Балканот од универзитетот „Џон Хопкинс“ во Вашинтгон.

Сервер смета дека претпристапните преговори меѓу Скопје и Брисел за членство на нашата земја во ЕУ треба да се отворат во јуни.

– Се надевам дека тоа ќе се случи, но за жал земјите членки имаат право на вето за речиси сѐ во ЕУ  –  изјави Сервер.

Тој очекува американската Администрација да изврши притисок врз Бугарија за изнаоѓање брзо решение во однос на „апсурдните барања до Северна Македонија“ поврзани со јазикот и историјата, што, според него, е причина за фрустрација во многу европски центри и во Вашингтон.

– Администрацијата ќе изврши голем притисок врз Бугарија. Иако, не сум убеден дека некој во Софија го слуша тоа – изјави Сервер.

Во врска со Извршната наредба на Бајден за санкции кон лица од Западен Балкан, Сервер вели дека таа е со цел да се изврши притисок врз владите во регионот да запрат со корупцијата и криминалот и да го подобрат владеењето на правото.

– Извршната наредба не е наменета само за Софија, туку до сите влади во регионот да си го исчистат дворот – смета Сервер.

Back to top button
Close