Сестрата од Детска клиника обвинета дека на бебе насилно му направила модринки откако се докажа дека не е вистина ќе тужи

Откако веќе неколку дена, оваа приказна ги тресе сите медиуми, сопругот на обвинетата медицинска сестра се појавил на врата кај директорот на Детска клиника и најавил тужба за сите стресови што ѝ се причинети на неговата сопруга, која е лажно обвинета за малтретирање тримесечно бебе, дознава „Фокус“.

Токму од тука веќе работите се менуваат, па сега директорот Мемеди се става во улога на главен медијатор за помирување.


Тој ја призна својата грешка пред целата јавност, но сега кој ќе одговара за стресовите што ѝ ги предизвикаа на медицинската сестра?

И конечно, кој ќе одговара за тоа што меѓуетничките тензии се подигнаа со еден наместен случај, кој се затвора како обично недоразбирање?

Целиот текст на ФОКУС МК

Back to top button
Close