Сетиен: Не гледам причина зошто Меси да не игра против Мајорка

– Тренерот на Барселона, Кике Сетиен ќе може да смета на ѕвездата на тимот Лионел Меси на денешниот натпревар против Мајорка од 28. коло од шпанскиот фудбалски шампионат.

Капитенот на Каталонците имаше повреда на мускулот на десниот бут, но сега се било во ред со него.

– Меси се чувствува добро. Не гледам причина што може да го спречи да учествува на натпреварот против Мајорка. Не знам дали ќе може да го одигра целиот натпревар, но Луис Суарез е исто така подготвен. Може да започне како стартер или да се појави како резерва, рече Сетиен на прес-конференцијата пред мечот.

Натпреварот помеѓу Мајорка и Барселона е вечерва во 22.00 часот по македонско време.

Back to top button
Close