Сетиен по ремито со Севиља: Бод е подобро од ништо

Лидерот во Ла Лига Барселона не успеа да победи како гостин против Севиља (0: 0) и ризикува да ја препушти лидерската позиција на Реал Мадрид. По натпреварот на „Рамон Санчез Писхуан“, тренерот на Каталонците Кике Сетиен призна дека екипата играла на ниво само во првиот половина час.

– Првите 30 минути беа многу охрабрувачки. Одигравме добро, не и дозволивме Севиља да ги покаже своите силни страни. Но, после паузата, почнавме да играме побавно, ја изгубивме топката. По паузата се уште не бевме доволно организирани, а Севиља веќе беше тимот кој го контролира натпреварот. Тие секогаш се во можност да го казнат противникот кога ќе им се остават слободни простори, коментира Сетиен.

Според него, Каталонците не знаеле како да стигнат до гол ситуација.

– Знаевме дека ова нема да биде лесен натпревар. Во оваа ситуација, еден поен е подобар од ништо”, рече тренерот на Барса.

Во однос на рангирањето, тој смета дека шансите не се исти како пред вчерашниот натпреварот, но Реал Мадрид сè уште не победил на гостувањето кај Реал Сосиедад, а тоа е тешка задача.

– Сега доаѓа време на песимистите, но јас ќе продолжам да зборувам за позитивните работи што ги правиме. Стилот е таков што ризикуваме многу да играме длабоко во противничката половина. Затоа Тер Штеген е толку важен за нас. Сега сме разочарани, но утре ќе го гледаме светот поинаку, рече Сетиен.

Back to top button
Close