Сетиен: Реал и Барса немаат веќе право на грешки

Тренерот на шпанскиот шампион Барселона, Кике Сетиен беше прашан за синоќешниот натпревар помеѓу Реал Сосиедад и Реал Мадрид, кој беше обележан со употреба на ВАР. Голот на Аднан Јанузај беше поништен поради офсајд, а малку подоцна голот на Карим Бензема остави сомнежи за игра со рака.

– ВАР е алатка што ја имаме, и дефинитивно може да ги подобри работите. Треба да се користи затоа што ни дава појасна идеја за реалноста. Зошто ВАР се користи во некои натпревари, а не во други? Ова е проблем и затоа некој може да помисли дека не се користи добро, сподели менторот на денешната прес-конференција.

На прашањето за судијата на натпреварот во Сан Себастијан, стручњакот посочи дека префериа де се фокусира само на перформансите на својот тим.

– Точно е дека имаме проблеми и треба да ги подобриме работите. Сепак, јас сум многу задоволен од тоа како работиме. Победивме два натпревари и ремизиравме во еден од нив. Ние постигнавме 6 гола и не примивме ниту еден. Ние направивме многу работи на стадионот на третиот тим во пласманот. Вистина е дека сакам да бидеме малку поефикасни, но така е во фудбалот. Постојат работи што не можеме да ги контролираме и не зависат од нас. Можеме да се обидеме да ги победиме нашите натпревари. Сите видоа што се случи во Сан Себастијан. Вистината е дека сега сме на второ место поради индикаторите, но сепак имаме ист број на поени како Реал Мадрид. Тие исто така немаат право на грешка. Видовме многу првенства во кои се се решава во последниот натпревар. Ќе се бориме до крај, рече тој.

Back to top button
Close