Севдије Коџа признала во суд дека станала директорка на дебарската болница со лажен сертификат по англиски добиен во Бугарија
Директорката на Општа болница Дебар, педијатарката Севдије Коџа, на 4 октомври годинава, признала вина во суд дека со лажен сертификат по англиски јазик од Бугарија конкурирала за да стане директорка, пренесува „Слободен печат“.
Осудена е на две години условна казна, зашто вината е утврдена со признание, а за висината на условната осуда Обвинителството нема приложено жалба. Додека против неа беше поднесена кривична пријава за ова дело, министерот за здравство Арбен Таравари повторно ја назначи за директорка, со образложение дека немало пресуда и „дека ги исполнува законските услови за директорка.
…