Северна Македонија, Србија и Албанија ги олеснуваат процедурите за меѓусебно признавање дипломи и научни степени

Северна Македонија, Србија и Албанија во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“ во Охрид потпишаа договор со кој се олеснува меѓусебното признавање на дипломите и научните степени, издадени од високообразовни институции и други овластени институции во овие земји.

Со договорот, кој го потпишаа премиерите на нашата земја и Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се олеснуваат процедурите за признавање на дипломите и научните степени стекнати во трите земји потписнички, а со тоа се скратуваат и роковите за нивно завршување.

-Како што е предвидено во договорните одредби, краен рок за потврда на автентичноста на една дилома е 14 работни дена од поднесување на барање од друга договорна страна, додека краен рок за завршување на процесот на признавање на дипломата е 20 работни дена од потврдата на автентичноста на дипломата или од нејзиното заверување со апостил печат, информира Министертството за образование и наука.

Потписниците на овој договор ги повикаа и останатите земји од Западен Балкан да го поддржат правниот акт и да се вклучат во неговата реализација, овозможувајќи им придобивки на своите граѓани при престој или остварување на права во други земји, но и обратно, да им го олеснат остварувањето на правата на државјаните на другите земји преку своите институции.

Back to top button
Close