Севернокорејски весник предупредува на влијанието на „буржоаската култура“

 Водечкиот севернокорејски весник „Родонг Синмун“, денеска предупреди за опасностите од влијанието кои странската „буржоаска култура“ го има на начинот на живот во Северна Кореја и ги повика своите граѓани да се придржуваат до социјалистичкиот животен стил.

Весникот, кое е гласило на Работничката партија, владејачката партија во Северна Кореја, тврди дека буржоаската култура е „гнил животен стил што ги претвора луѓето во ментално и физички хендикепирани лица“, пренесува новинската агенција Јонхап од Јужна Кореја.

„Нашите непријатели френетично се обидуваат да ги разнишаат темелите на социјализмот и да го корумпираат нашиот народ преку инфилтрирање во изопачената култура и начин на живот на буржоазијата, истовремено заострувајќи ги економските ограничувања против нас“, се вели во написот во весникот.

Воспоставувањето „социјалистички начин на живот“ е важно за зачувување на суштината на социјализмот, националниот идентитет и независност во смисла на културата и начинот на живот во Северна Кореја, се вели во написот, повикувајќи го населението да ги почитува традиционалните вредности кога станува збор за облеката, храната и музиката.

Back to top button
Close