Севернокорејскиот лидер испраќа помош во град што е во карантин

  Лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун нареди помош да се испрати во Кесонг, град на границата меѓу двете Кореи, што е ставен во карантин поради коронавирусот, јави денеска официјалната новинска агенција КЦНА.

Севернокорејските власти соопштија дека прогласиле вонредна состојба во Кесонг во јули, откако откриле еден можен случај на инфекција со коронавирус, што би бил првиот во земјата.

KЦНA наведува дека во петокот воз пристигнал со помош во храна и лекови во тој град.

„Врховниот лидер беше убеден дека се преземени итни мерки за испорака на храна и лекови затоа што градот е во целосна блокада и овојпат будно следел  да испрати големи количини ориз и помош во градот“, јави официјалната агенција.

КЦНА додава дека Ким „дење и ноќе“ е загрижен за судбината на жителите на Кесонг, кои, пишува агенцијата, ја продолжуваат „нивната кампања за запирање на ширењето на опасниот вирус“.

Back to top button
Close