Севиља по шести пат ја освои Лигата на Европа
Фудбалерите на Севиља вечерва во Келн го победија Интер со 3:2 и ја освоија Лигата на Европа по шести пат.
Во богатото со голови финале резултатот го отвори напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку во 5. минута. Следуваа два погодока на Лук де Јонг за водство на шпанскиот тим. Следуваше изедначување со голот на Диего Годин во 36. минута.
Во второто полувреме на средбата, Диего Карлос го постигна победничкиот гол со „ножички“, при тоа му помогна Лукаку кој малку ја зафати топка на нејзиниот пат кон голот на Интер.
За Севиља ова беше шесто финале во Лигата на Европа (вклучувајќи го и претходникот на Купот на УЕФА) и ги има освоено сите шест.
Ниту еден друг клуб не го освои вториот најважен европски куп повеќе од три пати.
Интер се меѓу трикратните победници на трофејот, а денешното финале беше петто во историјата за нив.