Шаќири: Да пренамениме дел од буџетските средства на МОН, за да се доближиме до процентот на покачување на платите кој го бара СОНК

Како министер за образование и наука подготвен сум да направам отстапки од повеќе инвестициски и други активности кои се дефинирани во програмата за работа на МОН за оваа календарска година, а кои предизвикуваат фискални импликации, се’ со цел да се обезбедат повеќе средства со кои ќе се доближиме до процентот на покачување на платите на наставниците кој го бара СОНК. Ова го побарав и од другите министри во Владата и во истото гледам опција преку која би можеле да постигнеме решение во рамки на социјалниот дијалог со синдикатот. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ова го изјави за време на гостувањето на Алсат ТВ, потенцирајќи дека преговорите со СОНК се интензивираат и дека до крајот на оваа недела се надева на постигнување договор.

„ Штрајкот е започнат и бараме решение за надминување на ситуацијата што поскоро. Секако дека Владата ќе достави предлог до синдикатот, кој ќе биде соодветен на буџетските можности и се надевам прифатлив за СОНК. Да ги вратиме децата во училиштата, а потоа ќе дискутираме како ќе се надомести пропуштената настава“, рече Шаќири.

Министерот рече дека заложбата на Владата е да се изнајде системско решение со коиплатите на вработените во областа на образованието ќе растат со секое покачување на минималната плата, што всушност е и едно од барањата на СОНК, со оглед на тоа што е најавено нејзино покачување и во 2023 и 2024 година.

Back to top button
Close