Шаќири: Денеска и секогаш на страната на наставниците, учениците и образованието

Денеска и секогаш на страната на наставниците, на страната на учениците и на страната на образованието. Само заедно можеме да обезбедиме подобро и поквалитетно образование, напиша на Фејсбук министерот за образование и наука Јетон Шаќири, посакувајќи им на

учениците, наставниците и родителите среќен почеток на новата учебна година.

-Почнуваме навремено, на 1 септември и најважно – со отворени училишта за сите ученици! Започнуваме со 15 проценти повисоки плати за сите наставници. Тоа нека биде мотив за поголема заложба во создавањето на новите генерации. Започнуваме со значително подобрени услови во 50-ина училишта кои се реконструирани, како и неколку нови училишни објекти, наведува министерот.

На првиот ден, додава тој во објавата, основците добиваат нови учебници и помошни наставни материјали, значително е модернизирана настава во средното образование, со многу нови дуални паралелки и компании партнери на училиштата, зголемена е грижата за учениците со попреченост – 720 образовни асистенти се ангажирани за да им го олеснат совладување на наставната материја.

– Ја имате мојата целосна поддршка и очекувам добра соработка и од Ваша страна!

Ви посакувам добро здравје, многу успеси, остварување на очекуваните резултати и секако убави спомени од училишните денови, напиша Шаќири на Фејсбук.

Back to top button
Close