Шаќири: Може да има настава и да се најде друг начин на покажување на револтот

Моето барање беше за образовниот процес, до сега имаме 4 неработни денови, имаме изгубено наставни материјали кои треба да се надоместат, ние во овој генерален штрајк повикавме тоа да е последен чекор затоа што ние сега сме со уписен конкурс за во средните училишта. Побарав од СОНК како да се надоместува, уставното право на децата е да имаат настава.

Во првиот состанок заедничката цел, никогаш не се кажа збор дека не мислиме да има покачување на плата. Нашите позиции се дека овој образовен процес е многу важен. Сите знаеме како функционираат буџетите, сите знаеме во какви економски движења сме, кои доаѓаат од надвор. Може и да има настава и да се најде друг начин на покажување на револтот. Кога влегуваш во процес кога се работи да се реши проблемот, мислам дека нема причина за револт. Прашање е дали проблемот ќе се реши за 3, за 5 дена. Зошто децата да се гарант на овој процес“ – вели Јетон Шаќири, министер за образование и наука во Студио 10 на ТВ24.

Back to top button
Close