Шаќири: Не се крати по еден час на македонски јазик, туку и на албански, турски и на другите јазици

Фондот на часови по јазиците е прашање на концепт а не на политички пресметки, рече министерот за образование Јетон Шаќири. Тој на седницата за пратенички прашања, во доменот на неговиот ангажман беше прашан дали со новиот наставен план, изучувањето на македонскиот јазик во второ одделение се намалува од 6 на 5 часови неделно и дали е во ред тоа да го прави министер од ДУИ, во време кога народот се противи на францускиот предлог, стравувајќи за последици по македонскиот јазик и идентитет.

„Не се намалуваат само часовите по македонски јазик, туку и на албански, на турски и на сите останати јазици. Тоа е новиот концепт во образованието. За него се дебатираше и во општеството а се изјаснуваа и пратениците. Времето од шест месеци, година или две е премало за да може да се даде оценка за ефектите од него. Оваа тема не би сакал да се поврзува со актуелните теми, оние кои беа важни за нашето општество. Ниту сакам термините кога се донесуваат одлуки за одредена студиска програма да ги поврзувате со датуми и месеци кога тие се донесени. Јас ја потпишав наставната програма, така како што ми ја доставија од Бирото за развој на образованието. Согласно програмата и намалувањето на активностите кои се предвидени со новата образовна концепција, предвидени се дополнителни активности, на пример, за читање или за слични активности со кои ќе биде пополнет тој фонд на часови рече Шаќири.

Back to top button
Close