Шаќири: Не сум задоволен од ПИСА резултатите, потребна е нова реформа и мотивиран наставен кадар

Резултататите од истражувањето на меѓународната студија ПИСА за 2022 година се поради старата реформа која треба да се промени, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири во вечерашното гостување на Сител телевизија.

Вели дека не е задоволен од резултатите и дека за нивно подобрување потребни се новата реформа, како и мотивиран наставен кадар.

Фото:Принтскрин

„Новата реформа која започнува е заради тие резултати.  Како министер не го давам оправдувањето што го даваат различни европски земји дека сме во постковид период, дека децата се неподготвени поради онлајн наставата, според мене старата реформа која ја имавме требаше конечно да се промени затоа што еве какви резултаи имавме и во 2018 и 2022 година“, посочи министерот.

Истакна дека наставниот кадар е клучен во креирањето на подобри резултати.

„Наставниот кадар е еден од поважните елементи во креирање на резултатите, затоа во овој период кога имаме повисоки плати на наставниот кадар имаме лаборатории во кабинетите по природни и општествени науки, затоа убеден сум дека во наредниот период со повеќе мотивирани наставници, поголема вклученост и внимателност ќе имаме подобри резултати“,изјави Шаќири.

Во однос на најавената пријава од Комисијата за заштита од дискриминација поради немање книги рече дека се уште не добиле пријава и дека се работи активно на изработување на сите учебници.

„Имаме рекордна бројка од милион и шестотини илјади учебници, оваа година повикот за седмо одделение веќе е започнат во десети месец и трае, програмите се доставени до Министерството“, рече Шаќири.

Министерот исто така информираше дека ќе го искористи правото секој да учи на мајчиниот јазик во училиштата, истакнувајќи дека во Општина Чашка додека се работи на трајно решение не треба да има прекин во наставата.

Back to top button
Close