Шаќири: За да се јавуваат добри автори хонорарот за пишување одобрен учебник го покачивме на 300.000 денари

Голем предизвик беше подготовката на програмите и одобрувањето на новите учебници за реформирањето на основното образование што се одвива етапно. Сега имаме целосно завршени постапки за прво, второ. четврто и петто одделение, а сега работи работна група од педагошките факултети и НВО за учебниците да бидат одобрени пред да започне следната учебна година., вели Јетон Шаќири, министер за образование и наука, за СТУДИО 10 на ТВ 24.

-Има и такви кои имаат позитивно мислење за новата концепција на програмата, но имаат забелешки за содржините. Следно е да се разботи на програмите за трето и шесто одделение, вели Шаќири.

Што се однесува до доцнењето на свидетелствата за тоа е одговорно Бирото за развој на образование кое одговара пред Владата а не пред МОН. Тендер за набавка на свидетелства распишува БРО, но поради проблем во тендерската постапка тоа се оддолжи, вели Шаќири и додава дека сега побарал уште во февруари да започне тендерската постапка.

-И јас сум бил ученик и знам колку значи и колкава радост е во јуни да се однесат свидетелствата дома, вели министерот за образование.

Сега се одржуваат состаноци со ректорите од сите педагошки факултети за да се формираат центри за поддршка на наставниците, а со помош на експерти од Финска. Тие ќе дадат поддршка за изработка на учебниците, како и за материјалите за стручните училишта, најавува Шаќири и додава дека обуки за наставниците ќе се одржуваат редовно во периодите кога нема настава. Сега има обука за наставниците од основно образование за новата образовна концепција.

-Сега веќе имаме одобрени учебници, а за прво одделение се веќе готови. Постапките за новата концепција се спроведуваат и над 95 отсто од новите учебници се одобрени. Учебниците кои се постарата концепција се доставени на 1 септември. Кај новата концепција реагиравме најбргу што можеше. Имаше реакции и во јавноста и кај мене за грешки во учебниците. За да се јавуваат добри автори оваа година надоместокот за пишување одобрен учебник е 300.000 денари. Проблем имаме со рецензентите за кои треба да се објави оглас, а тие не се јавуваат на распишаните огласи. По рецензијата секој учебник оди на одобрување во БРО. Очигледно се немало доволна мотивација и се објавија учебници со грешки, вели Шаќири кој додава дека отсега рецензентите ќе бидат универзитетски професори кои ќе добиваат и соодветен надомест.

Back to top button
Close