Шабани: Секојдневно се соочуваме со фрлени маски и ракавици, во иднина ќе поставиме садови за таков отпад

Екипите на јавното претрпијатие „Комунална хигиена“-Скопје секојдневно се соочуваат со фрлање маски и ракавици онаму каде што не треба, истакна на денешната прес-конференција директорот на претпријатието Абдусамед Шабани, кој најави дека планираат да постават посебни садови во иднина за таков вид отпад.

Нивна констатација е дека на одредени места каде има приватни здравствени установи се фрла медицински отпад каде вработените директно се изложени на ризик.

Тој апелира таквиот отпад да се фрла онаму каде му е место, а не надвор од тоа.

– Голем проблем имаме и со градежниот шут и со кабастиот отпад. Во годините наназад имавме неколку акции за собирање кабаст отпад и во иднина ќе правиме такви акции, но има неколку олеснувања за граѓаните, односно на нашата веб страница можат точно да се информираат за што се работи, рече Шабани.

Back to top button
Close