Шахпаска од Берово: На 15 јули излезете на гласање, во име на нашата и иднината на нашите деца и нашата татковина, заокружете го бројот 3

Најголем предизвик е кога ви се обраќам вас мои сограѓани, затоа што вас ве претставувам во Параламентот, истакна носителката на листата на коалицијата „Можеме“ ИЕ 3 Јагода Шахпаска на присутните граѓани на трибината во Берово.

-Во 2016 година ветивме план за живот, овде дома, во малешевијата  и сите населени места во државата.Тоа и го направивме. Нашата програма се темелеше на три столба: враќање на парите кај граѓаните, вложување во човечкиот капитал и евроатлантската интеграција на земјава, посочи Шахпаска.

Ветувањето парите назад кај граѓаните, додаде таа, го реализиравме преку враќање на 11 милиони евра преку радиодифузната такса, враќање на ефтината тарифа на струјата која им заштеди на секое семсество по 300 денари месечно, а 3600 денари годишно. Го спомена и враќањето  на ДДВ-то со скенирање на сметки и кај 320 илјади граѓани вративме 10 милиони евра.

-Вложувањето во човечкиот капитал е вториот столб. Наследивме уништено здравство, понижени доктори, незадоволни пациенти. За само две и пол години специајлистите доктори земаат плата меѓу  80-160 илјади денари, за 40 отсто повисоки плати, така е и со медицинските сестри кои сега земаат околу 36 илјади денари плата, воведовме повисоки капитациони  бодови за 15 отсто повисоки за матичните лекари и стоматолозите, рече таа.

Денес, додаде Шахпаска, младите доктори добиваат достоинствени плати, лекар почетник зема 40 илјади  денари плата и јавното здравство стана повторно атрактивно.

Таа зборуваше и за зголемената социјална помош за 300 отсто, која денес ја земаат 27 илјади лица, воведувањето на дестски и образовен додаток во борбата против детската сиромаштија.

Се осврна и на лицата со посебни потреби, за кои, како што рече, следниот мандат додатоците ќе пораснат за 15 отсто, а сите институции ке бидат достапни до 2024 год.

Шахпаска зборуваше и за грижата  за највозрасните, преку реализација на пензиската реформа. -Растот на пензиите двапати во годината со растот на  трошоците за живот. Воведувањето на државната  социјална  пензија од  6000 денари. И понудата за следниот мандат – најниската пензија да биде 10700 денари, рече таа.

-И во време на криза покажавме како домаќински, чесно и одговорно се работи. Воведовме три сета економски мерки со кои ги враќаме парите кај граѓаните и им помагаме на компаниите, посочи Шахпаска.

Се осврна ии на третиотиот столб НАТО членството, кое е веќе реализирана стратешка цел на државата и последниот чекор кон европската интеграција со отворањето на поглавјата кое ќе се случи наскоро.

-Ве охрабрувам, на 15 јули излезете на гласање, не е поголем ризик од купувањето во продавница или лек во аптека, но е помал од одењето на пазар. Во име на нашата и иднината на нашите деца, излезете и гласајте за коалицијата „МОЖЕМЕ“ предводена од СДСМ! Заокружете го бројот 3!, порача Шахпаска.

Back to top button
Close