Шахпаска од Штип: На 15 јули заокружете го бројот 3 на коалицијата „Можеме“, за сигурна иднина на нас, нашите деца, нашата земја

Во 2016 година рековме дека ќе работиме на три столба: враќање на парите назад кај граѓаните, вложување во човечки капитал и евро-атлантаската интеграција на земјава. Тоа и го правевме изминатиов период, истакна Јагода Шахпаска, носителка на листа на пратеници од ИЕ 3, на трибината со граѓани на урбана заедница УЗ Сењак, Штип.

Шахпаска се осврна на вториот столб, вложувањето во човечкиот капитал кој, како што таа потенцираше, започнува од најмладите.

Во таа насока, потенцира, се изградените и реконструирани 43 градинки, со цел на нашите најмлади им овозможиме социјализација и предшколско образование, зашто младите се столбот на нашата иднина. За тоа зборуваат, рече Шахпаска, и изградените и реконструирани 20 училишта само во ИЕ 3 , реконструирани двете крила на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.

– Како дел од комисијата за труд и социјална политика во Собранието, особена сум горда на носењето на социјалната реформа со која социјалната помош се зголеми за 300 отсто и се прошири нејзиниот опфат. Со неа 27.000 семејства примаат приход од 10.000 – 11.500 денари. Се боревме за извлекување на децата од сиромаштија, за таа цел воведовме детски и образовен додаток. Првпат најранливите категории на граѓани можеа достоинствено и пристојно да живеат, посочи Шахпаска.

Таа зборуваше и за останатите мерки кои донесоа директни придобивки за граѓаните како државната социјална  пензија од  6.000 денари, која ја користат околу 6.600 граѓани, растот на платите во здравствениот сектор до 40 проценти, раст на капитацискиот бод од 15 проценти за  матичните лекари и стоматолози,  укинување на квотата на лекови, укинување на болничка партиципација за пациентите кои земаат ниски пензии и младите до 25 години од семејства приматели на социјална помош.

Шахпаска ги повика граѓаните на 15 јули излезат и го дадат својот глас почитувајќи ги протоколите за заштита по здравјето, носењето маска, држењето дистанца, дезинфекција на рацете и влез на онолку граѓани колку што има паравани.

Back to top button
Close