Шаленберг: ЕУ сака дијалог со Русија, но Москва не сака

– Европската унија сака да гради дијалог со Русија, но Москва во моментов не е заинтересирана, изјави денеска министерот за надворешни работи на Австрија Александар Шаленберг, пред самитот на ЕУ во чиј фокус ќе бидат односите со Русија.

– Односите меѓу Русија и ЕУ се дефинитивно затегнати и во втор план. За танго се потребни двајца, како што вели поговорката. Европската унија сака дијалог. Ние сакаме канали за разговори, но тоа бара реакција од другата страна, која мора да го сака истото, изјави Шаленберг за австриското радио О1.

Според него, Европската унија и Русија треба да соработуваат за многу прашања, од клима до енергетскиот сектор.

Back to top button
Close