Шаленберг, по Белград и Приштина, утре на Преспа форумот за дијалог во Охрид

Министерот за надворешни работи на Австрија Александар Шаленберг, по посетата на Белград и Приштина, утре ќе учествува на Преспа форумот за дијалог во Охрид, каде ќе продолжи да лобира за австрискиот нон-пејпер.

Тој заедно со шефовите на полската, словачката и турската дипломатија Збигњев Рау, Иван Корчок и Мевлут Чавушоглу ќе учествува на панелот „Што по војната во Украина“. Панелот ќе се фокусира на последиците од војната во Украина врз стабилноста на Западен Балкан и проширувањето на ЕУ.

Според австриското Министерство за надворешни работи, Шаленберг на маргините на форумот ќе има билатерални средби со турскиот колега, како и со специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

На средбата со Чавушоглу, покрај билатералните односи, тема ќе бидат и напорите на Турција за посредување меѓу Русија и Украина.

Шаленберг на средбата со Ескобар сака да се заложи за уште поблиско усогласување меѓу ЕУ и САД во однос на Западен Балкан.

Back to top button
Close