Шалке го загуби четвртиот натпревар по ред и влезе во серија од 10 средби без победа

Шалке попладнево загуби од Вердер Бремен со 0:1 во 29. коло од Германското фудбалско првенство и го запиша четвртиот пораз по ред.

Клуб од Гелзенкирхен нема победа десет натпревари во низа. Последен пат Шалке победи на 4 февруари против Херта во Купот на Германија (3:2).

Ако ги земеме во предвид само натпреварите во Бундеслигата, серијата без победи е 11 натпревари.

Во моментов Шалке е на десеттото место во германскиот шампионат, со 37 бода од 29 одиграни натпревари.

По денешниот пораз уште повеќе се „тресе“ тренерското столче на предводникот на Шалке, Девид Вагнер.

Back to top button
Close