Шамар за Путин во Белград – еве како гласаа Русите во регионот

Рекордно висока излезност е забележана во земјите од Западен Балкан на изборите за претседател на Русија , соопштија руските амбасади од регионот.

Според анкетите за странските гласови, Владимир Путин изгубил од Владислав Даванков.

Највисокиот резултат на Путин, бил во Атина – таму 59% гласале за актуелниот претседател, додека 28% одбиле воопшто да одговорат на прашањата.

На гласањето во Србија, одржано во училиште во Нов Белград, е забележана „многу висока излезност“, соопшти руската амбасада во Белград, додавајќи дека гласале повеќе од 4.700 гласачи, пренесува РИА.

Според веб-страницата Vote Abroad, која го спроведе истражувањето, Русите во Белград најмногу гласови му дале на Владислав Даванков (66 отсто), додека за Путин гласале 3 отсто, а останатите кандидати добиле по 1 отсто од гласовите. Дури 14 отсто од анкетираните изјавиле дека на гласачките ливчиња напишале нешто друго. Останатите прашани или не гласале, или одбиле да одговорат.

Руската амбасада во Подгорица соопшти дека излезноста била „рекордна“ и дека гласале 1.500 гласачи.

„Сè помина сосема мирно, без никакви инциденти. Одѕивот беше многу, многу голем“, велат од амбасадата.

Back to top button
Close