Шанахан: И самата помисла дека сум имала нешто со Елон Маск е клевета

Милијардерот Илон Маск пред неколку дена беше обвинет за раздорот во бракот на соосновачот на „Гугл“ Сергеј Брин и сопругата Никол Шанахан. Оттогаш не престанува да се пишува за скандалот околу наводната афера на Маск и Шанахан.

По неколкудневен молк, се огласи Никол, велејќи дека наводната љубовна врска со Илон Маск е целосна лага.

„Бидете сигурни дека секоја помисла дека Никол имала афера со Илон Маск не е само лага, туку и клевета“, порачала таа преку својот адвокат Брајан Фридман

Back to top button
Close