Шанса за Центар бара итно да се активира автоматскиот систем за правично казнување во сообраќајот

Почитувани премиер и министри на Владата на Република Северна Македонија, избраници на народот и градоначалничка на Град Скопје,бараме неодложно да се преземе одговорност и да се покаже политичка волја за што побрзо воспоставување на сообраќајна безбедност на патиштата низ државата, а особено на градските улици во Скопје, стои во посмото од Шанса за Центар по страшната сообраќајна несреќа кај „Сити Мол” каде загина 24-годишна девојка.

-Очекуваме одговорност, зрелост и конструктивност, поради безбедноста на сите граѓани. Бараме најитно да се активира автоматскиот систем за следење и казнување во сообраќајот во Скопје. Истовремено, бараме решенијата за зголемување на безбедноста во сообраќајот да ги третираат најранливите и нивните потреби, а проектите за нови сообраќајници да ја имаат безбедноста како носечка компонента вклучувајќи инфраструктурни бариери и успорувачи на брзини.Активирањето на автоматскиот систем со камери ќе ја олесни работата на полицијата, ќе ја зголеми сообраќајната дисциплина и култура, а со тоа ќе се зголеми и безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Со ова ќе се растеретии судскиот систем од администрирање на сообраќајни прекршоци кои во голем дел остануваат без епилог или казни кои не се спроведени, велат од иницијативата.

Оттаму додаваат дека во духот на борбата против корупција и транспарентното управување барат да се активира автоматскиот систем за следење и казнување, со кој граѓаните ќе се чувствуваат правично дури и кога ќе бидат казнети, бидејќи ќе знаат дека системот не распознава моќ, врски и познанства.

-Секако, очекуваме соработка со надлежните служби независно во чија надлежност се и нема да имаме разбирање за префрлање на надлежностите и одговорностите. Имено, фактот што има жртви во сообраќајот е последица токму на неодговорното префрлање на надлежностите, велат од Шанса за Центар.

Back to top button
Close