Шапиќ: Од денеска камери во и околу сите основни училишта и дел од градинките во Белград

Градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ при посетата на Командно-безбедносниот центар изјави дека од денеска со камери ќе се следи безбедносната состојба во училиштата и градинките во Белград. Тој посочи дека се опфатени сите основни училишта и дел од градинките.

Шапиќ рече дека засега е завршена првата фаза од проектот, како и дека тоа е проект од клучно значење кога станува збор за безбедноста.

„Во Командно-безбедносниот центар се наоѓаат камери од сите училишта, покривајќи ја секоја педа од секој двор. Овие камери имаат софтвер кој препознава огнено и ладно оружје и кој автоматски тука сигнализира. Ќе имаме отворена линија со полицијата, која во рок од неколку секунди ќе биде информирана за тоа што забележал софтверот“, додаде Шапиќ

Back to top button
Close