Шарл Мишел верува дека е можен договор за пакетот за опоравување од пандемијата

– Претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел, предвидува дека ЕУ оди кон нов предлог за голем пакет за обновување на економиите во Унијата по кризата со коронавирусот, со надеж дека ќе се деблокира четиридневниот ќорсокак на самитот во Брисел.

-Последните чекори се секогаш најтешки, но јас сум убеден, рече Мишел пред одржувањето на пленарната сесија на маратонскиот самит.

„Дури и да е тешко, важно е да продолжиме да работиме. Мислам дека е можен договор“, додаде тој. сд/

Back to top button
Close