Шеесет и едногодишен пешак почина во сообраќајка во село Теново
– Пешак од селото Теново го загуби животот во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 21 часот на влезот во селото. Поради сериозноста на повредите, по првично укажаната лекарска помош во Клиничката болница во Тетово, повредениот е пренесен во Ургентниот центар во Скопје каде им подлегнал на повредите.
– На регионалниот пат Тетово-Волковија на влез во селото Теново, возило „ауди“ со тетовски регистерски ознаки управувано од Ф.Е(60) од Тетово удрил во пешакот Г. М(61). Пешакот поради тешките телесни повреди е пренесен со медицинско возило во Клиничката болница во Тетово. По укажаната помош поради тешките повреди Г.М е пренесен во Ургетниот центар во Скопје каде им подлегнал на повредите, соопштија од СВР Тетово.
Увид на местото на несреќата извршиле СВР Тетово и јавен обвинител со цел да се утврдат причините.