Шеесетина случаи на ебола во Конго, погребите шират страв од пренесување на заразата
– Во Демократска Република Конго веќе има регистрирано 60 случаи на ебола, а погребите се посебна грижа за ширењето на болеста, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО).
Извршниот директор на СЗО за итни програми, Мајкл Рајан, изјави дека во текот на викендот се откриени уште три случаи, што сочинуваат вкупно 56 потврдени и четири веројатни случаи во жариштето на заразата што избувна минатиот месец во провинцијата Екватор, јавија британските меидуми.
-Болеста е активна и не е под контрола, рече Рајан на виртуелниот брифинг во седиштето на СЗО во Женева, додавајќи дека погребните обичаи во земјата будат посебна загриженост. сд/