Шеф на Мосад: Експлозијата на пејџерите на Хезболах беше пресврт во војната
Шефот на израелската тајна служба Мосад, Давид Барнеа, изјави дека експлозијата на комуникациските уреди на Хезболах во септември била клучен момент во војната против групата во Либан.
Говорејќи на меѓународна конференција во Тел Авив, Барнеа го пофали премиерот Бенјамин Нетанјаху за операцијата, нагласувајќи дека нејзиното влијание би било помало доколку била спроведена порано во конфликтот.
– Кога беа детонирани на 17 септември, во рацете на Хезболах имаше десет пати повеќе електронски уреди отколку на почетокот на војната, рече Барнеа.
Според него, операцијата, која била планирана повеќе од една година, претставува „пресвртница“ во борбата против Хезболах, бидејќи најголемиот дел од уредите биле уништени додека сè уште биле складирани од милитантната група.