Шефицата за здравство на ЕУ загрижена поради порастот на заразени со Ковид-19 во некои земји

Шефицата за здравство на ЕУ, Стела Кириакидес изрази загриженост поради порастот на бројот на заразени лица со коронавирус во неколку европски земји, пред се предизвикано од „самоволието“ на јавноста која не ги почитува правилата за лична хигиена.

Таа истакна денеска дека и на нејзиниот роден Кипар постои загриженост поради локалното ширење на инфекцијата.

Според неа, тоа покажува дека дел од популацијата не ги почитува здравствените и безбедносни протоколи и може да се случи драстично зголемување на заразени случаи.

Кириакидес разговараше со кипарскиот министер за здравство, запознавајќи го со напорите дека сите членки на ЕУ се снабдуваат со лекот „ремдесивир“.

Сите 27 земји членки на ЕУ поднесоа барање за лекот, а постапката за набавка ќе започне веднаш, се наведува во соопштението.

Back to top button
Close