Шефот на кабинетот на Шилегов смета дека измените на изборниот законик се во корист на непријателите на демократијата

Поранешниот граѓански активист од невладината „Плоштад Слобода“, сега шеф на кабинетот на скопскиот градоначалник, Никола Наумоски се противи на идејата за измени на изборниот законик, на начинот и со решенијата кои се предложени.

Според него, нормално е да постојат прагови за да се утврди кредибилноста на одредена партија, движење или независен кандидат, но поставениот, како што вели, е превисок, а и непотребен, со оглед на она што и е потребно на нашата млада кревка демократија.

„Праговите постојат за да им дадат сериозност на изборите, да не може кој сака да се кандидира без елементарна поддршка и да го опструира изборниот процес, а и за да се обезбеди стабилност на мнозинствата во советите/парламентите“,

нагласува Наумоски.

никса

Тој на својот фејсбук профил потсетува дека во 2009 година, кога тој и останатите активисти собираа потписи за референдум за верски објекти на плоштадот, мисијата однапред била осудена на неуспех а целта била неостварлива.

„Потребни беа 20% од гласачите да дојдат во подрачната единица на ДИК и да се потпишат и тоа беше невозможно во една канцеларија и за таков временски интервал. Особено со опструкциите на Министерството за правда и Општина Центар, кои го отежнуваа собирањето на потписи со ситни опструкции и невозможни рокови. Тоа е 10 пати повисок праг од оној што сега се предвидува со изборниот законик. Не знам дали лееле толкави крокодилски солзи тогаш денешните зелени хумани граѓани и дали воопшто дале поддршка за референдумот, но тоа не значи дека таа пракса треба да се продолжи. Сепак, ова се други времиња и повеќе демократија се подразбира дека се бара“,

вели тој.

Back to top button
Close