Шефот на мисијата ЕУЛЕКС во Косово го осуди полицискиот напад врз српски матурант
Шефот на мисијата ЕУЛЕКС на Косово, Џовани Пјетро Барбано, денеска изјави дека е длабоко шокиран и ја осуди прекумерната употреба на сила од страна на косовската полиција против матурант во Северна Митровица.
„Ја пренесов мојата загриженост до властите во косовската полиција и сум убеден дека одговорните за тој неприфатлив чин ќе бидат повикани на одговорност во согласност со законот“, објави Барбано на социјалната мрежа X.
Матурант кој го славеше крајот на школувањето со други ученици во средно училиште во Косовска Митровица беше нападнат од припадници на косовската полиција, а на социјалните мрежи е објавено видео на кое се гледа како припадници на косовската полиција го туркаат, провоцираат и стискаат средношколецот за вратот со рацете.