Шефот на ОН се ракуваше со Путин и повика на мир во Газа, Либан, Украина и Судан

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш им порача на лидерите на БРИКС, вклучувајќи го и рускиот претседател Владимир Путин, дека на светот му е потребен мир во Газа, Либан, Украина и Судан.

„Генерално, ни треба мир“, рече Гутереш на самитот на БРИКС во рускиот град Казан.

„Ни треба мир во Украина. Праведен мир во согласност со Повелбата на ОН, меѓународното право и резолуциите на Генералното собрание на ОН“, нагласи тој.

Кабинетот на Гутереш подоцна објави соопштение во кое се вели дека тој се сретнал со Путин на маргините на состанокот на БРИКС и го повторил својот повик за мир.

Во соопштението за печатот се наведува дека Гутереш го повторил својот став дека руската инвазија на Украина во 2022 година била „кршење на Повелбата на Обединетите нации и меѓународното право“.

Според соопштението за печатот, Гутереш, исто така, рече дека слободата на пловидба во Црното Море е „од најголема важност“ за Русија, Украина и севкупната безбедност на храната и енергијата.

Двајцата лидери, како што се наведува, разговарале и за „апсолутната потреба од прекин на огнот во Газа и Либан, како и за потребата да се избегне понатамошна регионална ескалација“.

БРИКС, акроним за Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република, сочинува 45 отсто од светското население и 35 отсто од светската економија.

Египет, Етиопија, Иран и Обединетите Арапски Емирати, исто така, се приклучија оваа година во групата која сака да биде одговор на политичката и економската моќ на богатите нации од Северна Америка и Западна Европа. Саудиска Арабија исто така треба формално да се приклучи

Back to top button
Close