Шефот на ООН ја поздрави донацијата на САД за КОВАКС програмата

– Шефот на Обединетите нации Антонио Гутереш ја поздрави најавата на американската администрација дека ќе донира повеќе  милиони дози вакцини против Ковид-19 за механизмот КОВАКС, кој е поддржан од Светската организација, како и за одделни земји и персонал во опасни локации.

Портпарол на ООН изјави дека Гутереш е исто така „исклучително благодарен“ на американската влада за вклучување на вработените во ОН и дипломати од 193 земји-членки на ОН во програмата за вакцинација на САД.

Американскиот претседател Џо Бајден на 3 јуни соопшти дека САД набрзо ќе го донираат првиот контингент од 25 милиони дози вакцини во странство преку механизмот КОВАКС, наменет за ранливите земји.

Белата куќа ги објави плановите за дистрибуција на вкупно 80 милиони дози вакцини во светот до крајот на јуни, најмногу преку програмата КОВАКС.

Портпаролот на Светската организација рече дека донацијата за персоналот на ООН во опасните области ќе им овозможи „да останат и да продолжат да обезбедуваат критични услуги за ранливите луѓе ширум светот на безбеден и ефикасен начин“.

Гутереш го повтори својот повик до земјите да ги споделат своите вакцини, особено со земјите кои се борат со нов скок на инфекција и појава на нови варијанти на вирус, рече портпарол на ООН.

– Постои итна потреба за зголемена глобална солидарност за да се осигура дека вакцините се достапни за секого и секаде, истакна портпаролот на ООН.

Back to top button
Close