Шефот на Примера: Заминувањето на Роналдо немаше влијание, отсуството на Меси ќе се почувствува

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, не смета дека трансферот на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус влијаело на шпанскиот шампионат.

Сепак, тој е убеден дека кога Лионел Меси би ја напуштил Барселона, тоа ќе влијае на првенството.

– Напуштањето на Кристијано, дури и ако се изнервираат во Мадрид, имаше скоро нула влијание, затоа што во Ла Лига со години се подготвувавме за нашиот бренд да ги надмине играчите. Сепак, случајот со Меси е различен, тој е најдобар во историјата на фудбалот. Имаме среќа што секогаш го имавме во нашето првенство. Верувам дека заминувањето на Меси ќе се почувствува. Се разбира, уште повеќе ако тој оди во друг шампионат. Тој е икона на шпанскиот фудбал и Ла Лига. Затоа би го замолил да ја заврши кариерата во нашето првенство. Ова не би било ниту катастрофа, затоа што имаме договори за ТВ права со или без Меси. Сепак, она што е важно е вредноста што тој ни ја дава, изјави Тебас за РАЦ1.

Back to top button
Close