Шефот на ПСЖ се радува на враќањето во Лигата на шампионите

 Претседателот на францускиот шампион Пари Сен Жермен Насер Ал-Келаифи го пофали враќањето на Лигата на шампионите во август.

– Сакам да ја признаам работата што ја заврши УЕФА за да им овозможи на клубовите учеснички да ја комплетираат Лигата на шампионите, што останува најпопуларен клупски турнир во светот. Јас сум исто така многу задоволен од организацијата за обновување на женското финале во ЛШ, каде што нашиот тим ќе се соочи со Арсенал во четвртфиналето. Во последните неколку недели имав можност да преиспитам во колкава мерка е важна Лигата на шампионите за финансиите на клубовите и телевизиските оператори, но пред се тоа е важно за навивачите кои го сакаат овој турнир, рече Ал-Келаифи на официјалната веб-страница на ПСЖ.

Според него, новиот формат на турнирот ќе биде возбудлив и полн со емоции.

– Нашите играчи и тренерскиот персонал ќе продолжат со тренинзите следниот понеделник и ќе дадат се од себе за да бидат подготвени за почетокот на август и европските предизвици што ги чекаат“, додаде тој.

Back to top button
Close