Шефот на српската дипломатија му изрази сочувство на Османи за загинатите во автобуската несреќа

– Министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ му изрази сочувство на шефот на македонската дипломатија Бујар Османи за загинатите 46 граѓани на Северна Македонија во сообраќајната несреќа што утрово се случи во Бугарија.

– Длабоко не вознемири веста за тешката сообраќајна несреќа, која се случи на територијата на Бугарија, во која трагично се загубени човечки животи. Во име на Министерството за надворешни работи на Србија и во мое лично име, Ви упатувам најдлабоко сочувство, наведе Селаковиќ.

Тој порача дека Србија е подготвена да даде неопходна поддршка, а со своето срце и мисли е со семејствата на загинатите, и ја дели тагата и болката со граѓаните на Северна Македонија.

– Ве молиме на семејствата на жртвите да им ги пренесете изразите на нашето искрено сочувство, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување, напиша Селаковиќ во телеграмата со сочувство до Османи

Back to top button
Close