Шефовите на ФБИ, Пентагон и Стејт Департментот им порачаа на вработените да го игнорираат Макс
Клучните американски агенции, меѓу кои и ФБИ, Стејт департментот и Пентагон, им наложија на своите вработени да не го почитуваат последното барање на Илон Маск, кој побара федералните работници да објаснат што сработиле или во спротивно ризикуваат да ја загубат работата.
Претставниците на администрацијата се мачеа во текот на викендот да го протолкуваат необичниот мандат на Маск, кој ја има поддршката на Доналд Трамп и покрај тоа што некои пратеници тврдеа дека е незаконски. Синдикатите бараат управата да го поништи барањето на Маск и да им се извини на работниците.
Некои функционери даваат отпор. Други ги охрабруваат своите работници да го почитуваат барањето. Во некои агенции имаше спротивставени упатства. Новопотврдениот директор на ФБИ, Каш Пател, отворен сојузник на Трамп, им наложи на вработените во бирото да го игнорираат барањето на Маск.
Една денешна порака од Министерството за здравство и човечки услуги, предводена од Роберт Ф. Кенеди Џуниор, пак, им наложи на своите околу 80.000 вработени да го почитуваат барањето. Тоа беше кусо откако вршителот на должноста генерален советник, Шон Кевини, им наложи на некои вработени да не го прават тоа.
Тимот на Маск вчера испрати е-пошта насловена „Што правеше минатата недела“ до стотици илјади федерални вработени, давајќи им 48 часа да пријават пет конкретни работи што ги сработиле минатата недела. Во посебна порака на Икс, Маск рече дека секој вработен кој не успеал да одговори до крајниот рок би ја изгубил работата.
Демократите, па дури и некои републиканци беа критички настроени кон ултиматумот на Маск, кој следеше само неколку часа откако Трамп го охрабри на социјалните мрежи „да стане поагресивен“ во намалувањето на големината на владата преку неговиот таканаречен Оддел за владина ефикасност