Шекеринска: Армијо наша љубовта и лојалноста кон татковината нека ти го осветлуваат патот кон иднината

– Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска денеска со објава на Фејсбук го честиташе Денот на Армијата – 18 август.

– Честит роденден Армијо наша. Нека љубовта и лојалноста кон татковината ти го осветлуваат патот кон иднината, наведе Шекеринска во објавата.

Таа воедно истакнува дека и чест и гордост што годинава првпат Денот на Армијата – 18 Август го одбележуваме како Армија на земја членка на НАТО.

– Ви благодарам што ме направивте горда министерка за одбрана, додава Шекеринска во објавата.

Back to top button
Close