Шекеринска: Автопатот Кичево-Охрид ќе биде готов до крајот на 2021 година

Најголемиот дел од тунелските решенија е завршен, најголемиот дел од тешките точки коишто не беа проектирани како што треба се завршени, и откако ја обезбедивме потребната механизација, работници и средства, повторно започна изградбата на автопатот Кичево-Охрид. Очекуваме овој автопат со целосна инфраструктура со 9 клучки да биде завршен до крајот на 2021 година, изјави денеска заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, која изврши увид на градежните работи на автопатот Кичево-Охрид.

– Автопатот Кичево – Охрид е ветен, почнат, државата ни е задолжена веќе многу години, и после 4-5 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ видовме дека оставиле проект кој е започнат беа документација, без пресметки, без план, меѓутоа единственото нешто што го завршиле било она што го чувме во „бомбите“, а тоа е договор за 15 до 18 милиони евра провизија. Ако ВМРО-ДПМНЕ остави проект од Кичево до Охрид да е автопат без ниту една клучка, успеавме во проектот да се стават 9 клучки кои ќе обезбедат комуникација на населението коешто живее помеѓу овие две општини и започнавме работа на неколку делници – рече Шекеринска.

Back to top button
Close