Шекеринска: Без кризна состојба приватните здравствени установи немаше ниту да седнат на маса да се договараат

„Без кризна состојба приватните здравствени установи немаше ниту да седнат на маса да се договараат. Кога е криза мора да се знае што е приоритет – приоритет е да се спаси човечки живот и за тоа нема да правиме компромиси.

Општествено одговорни фирми се покажаа оние кои помагаа и кога не мораа. Ние се трудиме колку е можно помалку да ги промениме правилата на живот. Капацитетите полека ги ширевме, искористивме се што може во државното здравство. Ние покажавме дека водиме сметка. Сите приоритети ги подредивме за заштита на здравјето. Во април кога првпат излеговме со уредби многу луѓе сметаа дека не сме во право, дека трчаме пребрзо, се покажа дека ние бевме првите кои го направија вистинскиот чекор, а другите не следеа. Кога ги воведовме полицискиот час и карантинот коронавирусот беше непознаница“ – вели министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во Студио 10 на ТВ24.

Back to top button
Close