Шекеринска-Да не им влегуваме во лузерскиот филм на опозицијата, да се фокусираме на стабилно мнозинство за европски интеграции

Јас мислам дека претседателот на СДСМ и премиер погреши што го врза својот мандат со резултатот од локалните избори. Сега фокусот мора да биде на стабилно парламентарно мнозинство, да не се даде шанса на Бугарија да искористи каква било слабост кај нас за да рече – не може да се најде решение, изјави вечерва на Топ тема на Телма министерката за одбрана и виссок член во СДСМ Радмила Шеќеринска

Нашето мнозинство во парламентот не е мнозинство за еден ден – тоа треба биде мнозинство што ќе испорача резултати во европските интеграции исто како што испорачавме резултат со НАТО. Треба да се обидеме да успееме а не да чекаме отстрана и да се надеваме нешто да тргне наопаку. Мислам дека не треба да им влегуваме во лошиот и од минатиот четврток – лузерски филм. изјави Шкеринска на ТопТема

Back to top button
Close