Шекеринска: Дали верувате дека било кој во ДУИ работи Зибери да биде премиер?

 

Според Радмила Шекеринска понудата на ДУИ за Албанец премиер е пуштена петарда и никој во ДУИ реално не навива и работи Зибери да стане премиер. Ова таа го изјави во вечерашното гостување на телевизија Канал 5.

-Секојпат кога човек ја вади етничката карта, знајте дека ништо друго нема да ви понуди. После толку избори, се виде дека луѓето сакаат нешто конкретно, што создава решенија. Оние што им нудат рециклирани национализми, апла велат дека немаат што да им понудат. Ние посветуваме 10 минути на тема која не постои. ДУИ пуштил петарда и ние сега треба да го гледаме димот кој нема суштина. Сакате да ми кажете дека било кој во ДУИ реално навива и работи Зибери да биде премиер? Место да дискутираме во кампањата за суштински работи, ние зборуваме за тема којашто ни ја фрлила една партија, вели Шекеринска.

Back to top button
Close