Шекеринска: Економијата функционира, овие три години покажаа дека можело поразлично

 Денеска можеме да кажеме дека во Македонија има 60 илјади нови работни места, 60 проценти повисока минимална плата и уште не е доволна и 4.500 денари повисока просечна плата, а економијата функционира. Овие три години покажаа дека можело поразлично, рече заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска во „Само вистина“ на Канал 5.

Според Светска банка, подвлече таа, најбрзо ќе се вратиме назад после кризиата што ги погоди сите други.

Тој тип на економкси раст што го промовираше ВМРО-ДПМНЕ во кој се ќе се контролира во една врхушка и сите фирми ќе добиваат назад пари и ќе зависат од државна помош ако ВМРО-ДПМНЕ се смилува, веќе замина, нагласи Шекеринска.

– Највидливата разлика е што кога баравме да почнат да растат платите во државата, ВМРО-ДПМНЕ имаше една иста политика дека не смеат платите да растат, дека економијата ќе крахира и сите инвеститори ќе си заминат. Тогаш ние 11 години го гледавме моделот на т.н. економски раст во кој ќе профитираат малкумина, а сите ќе живеат од осум до девет илјади минимална плата, рече меѓу другото Шекеринска.

Според неа, секој што направил криминал сега или пред три години треба да одговара.

Back to top button
Close